БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА И РОДИЛКАТА ОД ОХРИД НЕ ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА И РОДИЛКАТА ОД ОХРИД НЕ ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОМажот, кој завчера почина во стан во Битола додека бил во сампизолација, починал од други здравствени проблеми. (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и шестгодишниот маж од Битола и 37-годишната охриѓанка, кои посмртно беа тестирани на коронавирус, се негативни на вирусот, што значи не починале од КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

    „Мажот на возраст од 66 години, кој на 30 март од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот. Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14-дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Починал од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија”, велат од Министерството.

    Негативен на КОВИД -19 е и резулатот на родилката од Охрид, која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Таа вчера попладне била донесена во Скопје со возило на Итна помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

    „Како што информираше Клиниката за гинекологија и акушерство, по пристигнување на пациентката уште веднаш ѝ е направена целосна лабораторија и земен брис за КОВИД-19. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката е пратена на обдукција, по што ќе има егзактна дијагноза. Според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли“,  велат од Министерството.

    На Инфективната клиника во моментов има 59 пациенти, 12 се со потешка клиничка слика, од кои петмина се на механичка вентилација. Вкупната бројка на регистрирани заболени пациенти од корнавирус е 354, од кои 17 се излекувани, а 11 се починати.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира