Железничкиот сообраќај од Велес кон Гевгелија и обратно е повторно воспоставен, откако е отстранет одронот на камења на пругата. Половина ден работа им требаше на вработените од ЈП „Македонски железници инфраструктура“ да го отстранат одронот, кој се случи вчера наутро, а во него удри товарен воз.
Од понеделник се враќаат патничките возови на релација од Скопје до Битола и обратно, по еден наутро и попладне. И натаму нема возови кон и од Кочани и Куманово, а кон Велес и Гевгелија се со намален број линии.
П. ПЕЧКОВ