ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА В ПЕТОК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА В ПЕТОК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

    Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември, а преодната влада што ќе ги спроведе ќе се избере в петок, стои во договорот што вечерва го потпишаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. В петок ќе биде именувана и Санта Аргирова за главен уредник на информативната редакција јавниот сервис, а Љуљзим Хазири е петтиот член на ад хок телото за мониторинг на медиумите пред изборите.

    „Лидерите на 4-те најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, потписници на договорот од Пржино, потврдуваат дека условите за одржување предвремени парламентарни избори во 2016, според договорот од 20 јули, се исполнети и според тоа се согласуваат за избори на 11 декември. Парламентот ќе се распушти согласно Уставот на Република Македонија. Владата која што треба да ги спроведе изборите ќе биде формирана на 2 септември, согласно договорот од 20 јули“, стои во договорот потпишан вечерва од Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

    „Санта Аргирова ќе биде именувана за главен и одговорен уредник на информативната редалкција на МТВ1 на 2 септември и ќе ја задржи оваа функција до завршувањето на изборниот процес. Партиите ја повикуваат ААВМУ да се осврне на методологијата од 5 јануари, 2016 и да интервенира така што таа да важи од 2 септември до крајот на изборниот процес. Партиите го повикуваат ад хок телото да го изберат Љуљзим Хазири за петти член. Лидерите се обврзаа и на демократска и компетитивна изборна кампања без насилство и заплашување, и ќе ја осудат секоја употреба на јазик или какво било вид активност која може да предизвика насилство или заплашување, “ стои во договорот.

    Според претходниот договор од 20 јули, преодната влада би требало да биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата да има министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменици министри во финансии, земјоделство и јавна администрација. Исто така следува и Суспендирање на измените во Законот за МВР во однос на надлежностите на министерот.

    Според договореното од 20 јули, со закон ќе се ограничи бројот на назначувања на раководни функции во Министерството за внатрешни работи на 15 назначувања. Исто така, сите решенија за назначувања за истражители во Јавното обвинителство кои им биле дадени на носители на раководни позиции во МВР ќе бидат поништени. До завршување на изборниот процес нема да бидат давани нови решенија за извршители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира