ЈАПОНИЈА ЌЕ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, САД ВЛЕГУВААТ ВО КРИТИЧНА НЕДЕЛА ОЧЕКУВАЈЌИ МНОГУ ЖРТВИ

    ЈАПОНИЈА ЌЕ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, САД ВЛЕГУВААТ ВО КРИТИЧНА НЕДЕЛА ОЧЕКУВАЈЌИ МНОГУ ЖРТВИВо САД досега има 335.000 заразени и над 9.500 починати (Фото: АП)

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе прогласи вонредна состојба во земјата откако бројот на заразени во Токио порасна на 1.000.

    Според закон што беше изменет минатиот месец, премиерот има право да прогласи вонредна состојба доколку заразата претставува „смртна опасност“ за животите, а нејзиното брзо ширење би можело да има големо влијание врз економијата.

    Оваа одлука ќе им овозможи на гувернерите на најтешко погодените региони да побараат од луѓето да останат дома и да ги затворат бизнисите. Во повеќето случаи, нема казни ако ова не се почитува.

    Од почетокот на кризата, во Јапонија има над 3.500 заразени и 85 починати од КОВИД-19. Иако ова е значително помалку во споредба со бројките во САД, каде што има 335.000 заразени и над 9.500 починати, експертите предупредуваат дека наглото ширење на вирусот може да го наруши здравствениот систем.

    Во исто време, Јужна Кореја пријави помалку од 50 нови случаи за првпат од 29 февруари.

    САД влегуваат во критичната недела од пандемијата на коронавирусот и властите предупредија дека ќе има многу жртви.

    „Ова ќе биде најтешката и најтажна недела во животите на многу Американци. Тоа ќе биде нашиот Перл Харбор и 9/11 момент“, изјави Џером Адамс, шефот на јавните здравствени служби во САД.

    Трамп смета дека ова ќе биде пресвртна недела и дека „САД почнуваат да гледаат светло на крајот на тунелот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира