ЗА ПРИЛЕП СЕ БАРААТ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУС СЛИЧНИ НА КУМАНОВО

    ЗА ПРИЛЕП СЕ БАРААТ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУС СЛИЧНИ НА КУМАНОВОЗасега во самоизолација во Прилеп се 179 лица, а во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка; - Кризниот штаб на Општина Прилеп. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на заразени со коронавирус во Општина Прилеп за два дена се покачи за педесет отсто, односно од 22 на 33 лица, и градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за градот да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово, соопштија од Општина Прилеп.

    „Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а ако има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата“, соопштија од Општина Прилеп.

    Засега во самоизолација во Прилеп се 179 лица, а во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка. Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања. Инаку, до денес напладне нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирус во Општина Прилеп.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира