ВО СТРУМИЦА 20 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ, 750 СЛОБОДНИ МЕСТА ВО ПРВА ГОДИНА СРЕДНО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:13:"td_source_url";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО СТРУМИЦА 20 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ, 750 СЛОБОДНИ МЕСТА ВО ПРВА ГОДИНА СРЕДНО

    Во деветте основни училишта во Струмица денеска за првпат ученици станаа 550 деца. Ова е за 20 помалку, од ланските 570 првачиња, што значи речиси две паралелки помалку во однос на лани, тврдат просветните работници. Најмногу првачиња, 122,  се запишале во училиштето „Видео Подгорец“ во Струмица, додека во „Гоце Делчев“ во Вељуса едвај 11 деца. Според евиденцијата на Одделението за образование при Општина Струмица, 451 дете се запишани во централните основни  училишта а 99 деца во 15те подрачни училишта по населените места,  што значи во просек низ селата во општината има по околу 7 првачиња.

    Помалку има и запишани средношколци во прва година во Струмица. Во трите средни училишта останаа дури 750 слободни места по сите три уписни рока. Во средното гимназиско и економско училиште „Јане Сандански“ се запишаа 137 ученика од потребните 374, во земјоделско- медицинското „Димитар Влахов“ во прва година се запишаа 154 иако имаше 374 места, додека во техничкото „Никола Карев“ во прва година се запишаа 207 од планираните 500 ученика.

    Според информациите, сите 37 паралелки во прва година во Струмица бројат по 13 до 15 средношколци, што е помалку од потребните 20-тина за да функционира една паралелка согласно законската регулатива. Раководствата на сите три училишта од министерстовото за образование  побарале согласност да стартуваат со паралелки чија бројка на ученици е под дозволениот минимум, но одговор сѐ уште не добиле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира