НАРОДНИОТ ТЕАТАР СОШИ 300 МАСКИ ЗА БИТОЛСКИТЕ МЕДИЦИНАРИ

    НАРОДНИОТ ТЕАТАР СОШИ 300 МАСКИ ЗА БИТОЛСКИТЕ МЕДИЦИНАРИЗаштитните маски ги сошија шивачите во театарот, а ќе бидат донирани во Клиничката болница во Битола која е регионален центар за лекување пациенти со коронавирус од Југозападниот Регион. (Фото: Народен театар)

    Народниот театар од Битола денес ќе донира триста заштитни маски во Клиничката болница во Битола, за да придонесе за поголема заштита на здравствените работници кои се на првата борбена линија со коронавирусот. Клиничката болница во Битола е регионален центар за лекување пациенти со коронавирус од Југозападниот Регион. Покрај тоа што има еден пациент од Битола, хоспитализирани се и други од Охрид.

    Од Народниот театар соопштија дека заштитните маски се направени од вредните рацете на шивачите во театарот, кои неколку дена неуморно работеле да за ги изработат. Театарџиите апелираат да се остане дома, а веќе две недели нивните претстави се прикажуват нивните на Јутјуб канал на Битолски театар.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира