ВО ПРИЛЕП УШТЕ ЧЕТВОРИЦА, ВО КРУШЕВО УШТЕ ЕДЕН НОВОЗАБОЛЕН СО КОВИД-19

    ВО ПРИЛЕП УШТЕ ЧЕТВОРИЦА, ВО КРУШЕВО УШТЕ ЕДЕН НОВОЗАБОЛЕН СО КОВИД-19Во Инфективното одделение на прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат 4 лица, сите со средна клиничка слика. (Фото: СДК.МК)

    На територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 изнесува 38, соопштија од Општината.

    Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во Крушево.

    Во Инфективното одделение на прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат 4 лица, сите со средна клиничка слика. Вчера во попладневните часови, во Инфективната болница во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

    Исто така, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а третиот пациент е во фаза на обработка.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира