ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ОХРИД НА ЖИТЕЛИ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН, БАРА ОД ВЛАДАТА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ

    ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ОХРИД НА ЖИТЕЛИ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН, БАРА ОД ВЛАДАТА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБОваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели, вели Кризниот штаб; - Охридското шеталиште завчера беше полно со рекреативци поради сончевото време. (Фото: СДК.МК)

    Воведување забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот, бара Кризниот штаб на Општината за превенција и справување со коронавирусот од Владата. Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели, објави на својот фејсбук профил градоначалникот Константин Георгиевски.

    „Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна. Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на Општина Струга и селата од Струшкиот Регион каде што бројот на заболени од КОВИД-19 секојдневно расте. Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје“, велат од охридскиот Кризен штаб.

    Во Охрид досега има 4 регистирани заразени со коронавирус, а во Струга 33.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира