ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА РАБОТИМЕ ВО ТРИ СМЕНИ, ЌЕ ГО СОБИРАМЕ ЃУБРЕТО И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ВИКЕНД, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА РАБОТИМЕ ВО ТРИ СМЕНИ, ЌЕ ГО СОБИРАМЕ ЃУБРЕТО И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ВИКЕНД, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“Од претпријатието велат дека вчера биле подигнати околу 1.000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери, а посебни екипи го чистеа отпадот што беше расфрлен околу садовите. (Фото: Комунална хигиена)

    Од вчера ЈП „Комунална хигиена“ пак работи со вообичаената динамика во три смени, откако изминатиот викенд контејнерите во Скопје беа преполни со ѓубре. Од претпријатието велат дека со стандардната динамика ќе се собира ѓубрето и за продолжениот празничен викенд.

    „Поради полицискиот час од средата работевме само во прва смена, но состојбата на терен покажа дека со активности во една смена не е возможно секојдневно да се подигне и транспортира отпадот од речиси 6. 000 контејнери поставени во сите скопски општини. Поради тоа продолжуваме со старата секојдневна динамика, во три смени секој ден во неделата“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

    Од претпријатието велат дека вчера биле подигнати околу 1.000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери, а посебни екипи го чистеа отпадот што беше расфрлен околу садовите.

    „Во текот на денешниот ден, целост ќе се расчистат и претоварните станици во Вардариште и во Карпош, каде што во текот на изминатата недела беше привремено одлаган комуналниот отпад кој поради временскиот лимит не бевме во можност веднаш да го транспортираме на депонијата Дрисла“, додаваат од „Комунална хигиена“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира