СЕДУМ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПРЕФРЛЕНИ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

    СЕДУМ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПРЕФРЛЕНИ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕПричината за пренесување на заболените е намалениот број на здравствени работници во Кумановската болница, кои се заразени од вирусот КОВИД-19 или се наоѓаат во самоизолација. (Фото: СДК.МК)

    Седум заболени од коронавирус кои се лекуваа на Инфективното одделение во Кумановската болница денеска се префрлени на Клиниката за инфективни болести во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Причината за пренесување на заболените е намалениот број на здравствени работници во болницата, кои се заразени од вирусот КОВИД-19 или се наоѓаат во самоизолација.

    „Со директорката на болницата се договоривме сите хоспитализирани таму, со оглед на тоа што бројот на вработени е намален и дел се во самоизолација, да се префрлат на Инфективаната клиника во Скопје. Се работи за седум хоспитализирани пациенти, а понатаму Инфективното одделение во Куманово ќе функционира на тој систем што таму ќе се прави тријажа и проценка на здравствената состојба и во координација со Министерството и директорката на Инфективната клиника и директорот на болницата „8 Септември“, ќе се прави проценка дали дел од пациентите ќе бидат упатувани во Скопје или ќе останат да се лекуваат во Куманово“, рече Филипче.

    Кај само двајца од 210 здравствени работници од Кумановската болница на кои им беа направени серолошки тестови се пронајдени зголемени антитела и тие ќе бидат тестирани на вирусот.

    На прашањетокако е можно тој како министер да не е запознаен дека сопругата на еден од членовите на Општинскиот кризен штаб во Куманово е позитивна на коронавирус, пред завчера тој и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, и министреот за образование Арбр Адеми да одат на заеднички состанок со нив, Филипче рече дека увид прави Државниот здравствен и санитарен инспекторат и дека ќе го почека официјалниот извештај.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира