Додека папата Фрањо се подготвува да ја прогласи Мајка Тереза за светица денеска во Ватикан, дел од македонските лидери отпатуваа во Рим да присуствуваат на нејзината канонизација. Родена во Скопје, католичката калуѓерка ќе биде прогласена за светица нецели две децении по нејзината смрт, благодарение на одлуката на Ватикан да го забрза процесот, кој вообичаено трае со векови. Таа се досели во Индија во 1929 година и стана индиски државјанин во 1951 година.
Мајка Тереза е почитувана од огромно мнозинство католици за нејзината работа со сиромашните во индискиот град Колката, каде го основаше сестринството „Мисионери на милосрдието“ во 1950 година, но нејзината оставнина не е без критичари. Има сомнежи околу недостатокот на хигиена и медицински стандарди во домовите за грижа и другите објекти раководени од нејзиното сестринство. Скептиците, исто така, се сомневаат околу чудата што и се припишани од Ватикан и често е обвинувана дека ја глорифицирала сиромаштијата. Познатиот писател Кристофер Хиченс беше еден од најгласните критичари, нарекувајќи ја „фанатик, фундаменталист и измамник“.
Сепак, во Македонија, Албанија и Индија, земјите на нејзиното раѓање, потекло и мисија, таа важи за хуманитарна икона. Трите земји ќе имаат посебно место на денешната церемонија на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, каде се очекуваат над 100.000 верници.
Македонската делегација во Ватикан ќе ја предводи претседателот Ѓорге Иванов, а ќе му се придружат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, не ја прифатија поканата на претседателот и нема да присуствуваат на церемонијата. На Иванов, Груевски и Заев ќе им се приклучат министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, градоначалникот на Град Скопје и член на семејството на Мајка Тереза.
Канонизацијата на Мајка Тереза ќе биде одбележана и во Скопје со манифестацијата „Деновите на Мајка Тереза“ од 4-11 септември. Првиот настан, света литургија, ќе се одржи на денеска во Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје. Од 5 до 11 септември во Скопје ќе има серија хуманитарни активности, а централната манифестација ќе се одржи на 11 септември, недела, во нејзиното родно место, на плоштадот „Македонија“, кое ќе се прогласи за светилиште.
Исто така, на плоштадот „Македонија“ во тек е изградбата на споменик на Мајка Тереза по идејно решение на Валентина Стевановска и Кирил Мукаетов и кој е предвидено да чини 5,5 милиони евра.
МАЈКА ТЕРЕЗА ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕНА ЗА СВЕТИЦА, МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РИМ НЕКОМПЛЕТНА
a:1:{s:9:"td_source";s:67:"Скопје/Рим,(САКАМДАКАЖАМ.МК/агенции)