ПАРИТЕ ОД ФОТОГРАФИЈАТА СО КАТИЦА БЕА НЕЈЗИНИ ЗА МЕБЕЛ, НЕ СЕ РЕКЕТ ОД КАМЧЕВ, ВЕЛИ БОКИ 13

    ПАРИТЕ ОД ФОТОГРАФИЈАТА СО КАТИЦА БЕА НЕЈЗИНИ ЗА МЕБЕЛ, НЕ СЕ РЕКЕТ ОД КАМЧЕВ, ВЕЛИ БОКИ 13Судењето за „Рекет“ продолжува утре со испитување на обвинетата Катица Јанева. (Фото: СДК.МК)

    Првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски тврди дека фотографија со Катица Јанева со пари на маса во нејзиниот дом ја направил случајно и немало ништо тенденциозно, откако Јанева на 12 март до Основниот суд Скопје 1 поднела приватна кривична тужба против него за неовластено снимање. Според обвинението на Вилма Русковска, на масата имало 50 илјади евра.

    „Случајно е направена фотографијата од мојот телефон, не е тенденциозна. Имам милион такви. На таа фотографија, која е на почетокот на февруари се гледаат пари. Тогаш Лазе Јанев го реновираше станот, ѝ требаше на Катица нешто од мебел. Ѝ кажав земете преку мене, дај ми ги на мене парите, јас ќе земам од ‘Зона мебел’ преку телевизијата. Ете за тоа беа тие пари, и не беа рекет од Камчев како што се тврди во обвинението”, ја објасни денеска во судот Боки фотографијата од неговиот мобилен со Катица во нејзиниот дом, со пари на масичката.

    Тој ја праша судијката кој ќе му ја гарантира безбедноста во Шутка. Праша и како може Русковска да поднесе обвинение против него без да даде исказ во обвинителството, а притоа да го изземе Никола Груевски од обвинението за организирање на нападот на 27 април 2017 година, зашто не бил достапен да даде исказ.

    Судењето продолжува утре со испитување на обвинетата Катица Јанева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира