ОД ОРЦЕ НЕ МОЖЕШ ДА ЗЕМЕШ 50 ДЕНАРИ, А НЕ ПАК 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“

    ОД ОРЦЕ НЕ МОЖЕШ ДА ЗЕМЕШ 50 ДЕНАРИ, А НЕ ПАК 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“Зошто Камчев вмешувал странски служби да ме снимаат и да ја вовлекуваат преку мене Катица Јанева, која беше опасност за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ?, праша Боки 13 на денешното судење за „Рекет“. (Фото: СДК.МК)

    Во продолжение на сведочењето на „Рекет” првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 побара од обвинителството да отвори случај по допрен глас за шпиунажа од странски разузнавачки служби против Јордан Камчев, кој при сведочењето на ова судење кажа дека тој бил сценаристот на приватните негови снимки, а бугарските пријатели му помогнале. Праша, ако бил стварно рекетиран, зошто не пријавил на нашите институции? Зошто вмешувал странски служби да ме снимаат и да ја вовлекуваат преку мене Катица Јанева, која беше опасност за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ?, праша тој.

    „Јанева беше уценувана да си даде оставка. Таа ми кажа дека никогаш нема да си поднесе оставка, зашто ништо не направила незаконски. Мене не ми е јасно, зошто обвинителството не откри како излегоа тие снимки во Италија?”, прашуваше натаму Јовановски.

    Потоа праша: „Која е логиката да ми дава мене пари и да ја вмешува Катица, кога Врховниот суд отвори постапка и се знаеше дека ќе ги запре сите истраги на СЈО, вклучително и Империја. Па се фалеше Камчев, него Јово ќе го пуштел. Се знае кој Јово, не е Јово комшијата, не Јово водоводџијата“, кажа Боки 13.

    „Од Орце не можеш 50 денари да земеш, а не пак 1,5 милион евра“, негира Јовановски цело време во денешниот исказ дека го рекетирал Камчев, одговарајќи на директни прашања, по кои следуваат вкрстените што ќе ги поставува обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска.

    На барање на Русковска, судијката Васка Николовска-Масевска го опомена Јовановски да не ја нарекува само „Вилма”.

    „Се извинив веднаш, а ако треба и ќе се поклонам”, кажа Боки 13.

    „Дозволете му да се поклони судија, ако толку веќе сака”, рече Русковска.

    „Обвинителке ви се поклонувам што ѝ го зазедовте местото на Катица Јанева, кое толку го сакавте”, се поклони Боки кон Русковска.

    Потоа почна да зборува за комуникација со Драги Рашковски, но судијката го прекина, бидејќи тој нема врска со обвинението. Русковска тука рече: „Ете колку не е вештачен неговиот мобилен. Ова што го чита е токму од вештачењето на неговиот телефон, што кажува дека обвинетиот цело време не ја говори вистината“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира