НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП СЕ ЛЕКУВААТ ШЕСТМИНА СО КОВИД-19, МЕЃУ НИВ И МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

    НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП СЕ ЛЕКУВААТ ШЕСТМИНА СО КОВИД-19, МЕЃУ НИВ И МЕДИЦИНСКА СЕСТРАВчера еден пациент бил пуштен на домашно лекување, па во моментот се хоспитализирани само шестмина, од кои тројца се од Кочани и по еден од Штип, Берово и Пехчево; - Директорот на Штипската болница Ален Георгиев. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение во Штип се намалува. Вчера еден пациент бил пуштен на домашно лекување, па во моментот се хоспитализирани само шестмина, од кои тројца се од Кочании и по еден од Штип, Берово и Пехчево.

    „Меѓу заболените е и една медицинска сестра од Пехчево, која беше хоспитализирана по транспорт на болен пациент од Пехчево за Штип, кога покрај неа се заразиле докторот и возачот на амбуланското возило. Двајцата се пуштени на домашно лекување, а деновиве тоа ќе се направи и со медицинската сестра“, вели директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев.

    Од медицинскиот кадар на Штипската клиника досега заболелe шест лица и тоа двајца болничари, двајца доктори и две медицински сестри. Според Георгиев, на Клиничката болница во Штип моментално ѝ недостасуваат 20 медицински сестри и очекувањата се наскоро празните места да бидат пополнети со млад кадар.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира