КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ДИК ДА КАЖАТ ДАЛИ МОЖЕ И КОГА ДА ИМА ИЗБОРИ, ПА ПОСЛЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ДАТУМ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ДИК ДА КАЖАТ ДАЛИ МОЖЕ И КОГА ДА ИМА ИЗБОРИ, ПА ПОСЛЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ДАТУМ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБАМицкоски рече дека не сакал да лицитира со можни датуми, ќе чекал прво да се изјаснат Комисијата за заразни болести и ДИК. (Фото: Кабинет на Претседател)

    На денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски не е договорен датум за одржување на парламентарните избори. Лидерите на политичките партии се договориле за нова средба наредна недела откако ќе добијат одговори од Комисијата за заразни болести дали има услови за одржување на изборен процес.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата кажа дека неговата партија е за одржување на изборите час поскоро, но не по цена на загрозување на здравјето и животот на граѓаните.

    „На средбата предложив план како во неколку чекори да дојдеме до кредибилен изборен процес. Ако се водиме дека здравјето на граѓаните е најважно тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и да го почитуваме нивното мислење во однос на одржување на изборите. Второ треба да се направат консултации со Државната изборна комисија за времето потребно да се спроведе овој фер и кредибилен процес. Потоа треба да се остварат контакти со набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР. Откако ќе ги имаме овие константи тогаш можеме да зборуваме за датум за избори, дотогаш нема да лицитирам со датуми“, рече Мицкоски.

    Мицкоски не одговори на новинарското прашање дали би прифатиле избори во јуни доколку Комисијата за заразни болести смета дека тие може да се одржат, туку повторно ги повтори четирите точки кои ги кажал на средбата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира