БУНДЕСЛИГАТА СЕ ВРАТИ ПО ДВА МЕСЕЦА ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИ, А ГОЛОВИТЕ СЕ СЛАВЕА НА ДИСТАНЦА

    БУНДЕСЛИГАТА СЕ ВРАТИ ПО ДВА МЕСЕЦА ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИ, А ГОЛОВИТЕ СЕ СЛАВЕА НА ДИСТАНЦАХазард и Брант го прославуваат третиот гол на Борусија на средбата со Шалке (Фото: ЕПА)

    Германските фудбалски фанови ја испочитуваа молбата на клубовите да не се собираат пред стадионите откако Бундеслигата денеска стана прво големо фудбалско првенство на светот кое продолжи да се игра среде пандемијата на коронавирусот.

    Освен што играчите се вратија на терен, сѐ друго беше различно.

    Фудбалската сезона ќе се доигра без навивачи (Фото: АП)

    Денешните натпревари од првата и втората Бундеслига се играа пред празни трибини, играчите влегуваа во дуели, но не се ракуваа и гушкаа и измислуваа креативни начини на прослава на головите, почитувајќи го главното правило – да се држат на дистанца. На клупата за резерви, играчите седеа со заштитна маска и оддалечени едни од други.

    На најинтересниот натпревар по двомесечната пауза, Борусија Дортмунд го прегази Шалке во таканареченото рурско дерби со 4:0.

    На клупата за резерви мора да се носи маска (Фото: АП)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира