ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПЕНДАРОВСКИ НЕ МОРА ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПЕНДАРОВСКИ НЕ МОРА ВО ИЗОЛАЦИЈАПо извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација. Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски, велат од Кабинетот; - Од Советот за безбедност на 15 мај. (Фото Претседател на РСМ)

    Позитивен на КОВИД-19 е член на тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, соопшти Кабинетот и кажа дека претседателот не е во изолација оти бил во втора линија контакти . Вработениот е тестиран вчера попладне, а од Кабинетот велат дека е дел од поширокиот тим на обезбедување, што значи дека немал директна комуникација со претседателот. Минатата седмица користел годишен одмор, а последен пат бил на работното место на 11 мај .

    „По извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација. Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски“, велат од Кабинетот.

    „По спроведената епидемиолошка анкета, утврдено е дека е потребно да се тестираат дополнително 11 лица кои биле во контакт со лицето кое е позитивно. Сите 11 лица беа тестирани и се негативни на КОВИД-19, но и покрај тоа остануваат во самоизолација до 25 мај, до истекот на инкубација од 14 дена. Кабинетот на претседателот продолжува непречено да функционира, согласно препораките за заштита од КОВИД-19. Во изминатите два месеци вработените работат по различен распоред. Поголемиот дел од активностите се одржуваат на отворено. На средбите и настаните се одржува препорачаното физичко дистанцирање, се користи заштитна опрема како маски и ракавици, средства за дезинфекција, а редовно се чистат и дезинфицират просториите во Вила Водно“, велат ок Кабинеотот на претседателот.

    Денеска во 12 часот кај претседателот е закажана втората лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. На средбата се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши, претседателот на Движење Беса Билал Касами и претседателот на ДПА Мендух Тачи, како и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира