Британската кралица Елизабета Втора го честиташе Денот на независноста 8 Септември на Македонија.
„Ми причинува огромно задоволство да ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во следнава година“, се вели во честитката на Елизабета Втора до Претседателот на Македонија.
Британскиот амбасадор Чарлс Гарет ја сподели честитката на својот фејсбук профил и кажа дека денеска положил венец на Споменикот на паднатите борци во Скопје.
„Денешната прослава на 25-годишнината од независноста е добар момент да се потсетиме колку далеку Македонија стигна од 1991. Во моите скорешни разговори, меѓу нив и со првиот битански амбасадор во Скопје Тони Милсон, се покажа дека тоа беше едно исклучително патување“, вели Гарет.