ЗА ДА НЕ ЈАДАТ ЌОТЕК СТЕЧАЈЦИТЕ НЕ ПРОТЕСТИРАА НА НАПЛАТНАТА РАМПА РОМАНОВЦЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"КУманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ДА НЕ ЈАДАТ ЌОТЕК СТЕЧАЈЦИТЕ НЕ ПРОТЕСТИРАА НА НАПЛАТНАТА РАМПА РОМАНОВЦЕ

    Полицијата не ги пушти стечајците да протестираат на автопатот Куманово – Скопје. Наместо на наплатната рампа Романовце, како што најавија, стотина стечајни работници од Куманово во 10 часот стигнаа до клучките на влезот и излезот на автопатот и не можеа да продолжат понатаму, поради силното полициско обезбедување.
    „Од припадници на МВР ни беше кажано дека тие нема да нè пуштат да отидеме на автопатот. Ни рекоа да застанеме тука, да не се туркаме и да не им се спротивставуваме за да не дојде до некоја беља, да не нè тепаат. Останавме овде и поради полицајците кои денеска се пред нас, бидејќи тие секогаш се толерантни кон нас. Не сакаме да им правиме проблеми на нив, а и на нас, да не ги тепаат овие наши болни и испатени луѓе. Инаку нема на ова да остане, веќе наредната недела ќе организираме протестен марш Куманово – Скопје и тогаш не можат да нè сопрат“, изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на здружението на стечајни работници УНИТ.
    Протестот на двете клучки на влезот во градот траеше околу 1 час, а поради силниот дожд стечајците накиснаа па порано си заминаа дома. Додека траеше протестот се создаде мешаница на автопатот бидејќи автомобилите не можеа да излегуваат кон Куманово, туку мораа да продолжат кон Скопје или кон Табановце. Се пропуштаа само службените возила на Итна помош и АРМ.
    Стечајците на протестот побараа да се обештетат и еднаш засекогаш да се реши нивната дведецениска голгота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира