КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 20 ЧАСОТ, НАЈМНОГУ 4 ЛИЦА МОЖЕ ДА СЕДАТ НА ЕДНА МАСА, КАЖА БЕКТЕШИ

    КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 20 ЧАСОТ, НАЈМНОГУ 4 ЛИЦА МОЖЕ ДА СЕДАТ НА ЕДНА МАСА, КАЖА БЕКТЕШИПолицијата ќе ги контролира угостителите дали ќе ги почитуваат протоколите за работа.(Фото: К.Попов)

    Кафулињата и рестораните кои од утре се отвораат ќе работат до 20 часот. Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања кажа дека во оваа прва фаза ќе се дозволи само работа на летните тераси, а доколку се почитуваат мерките и протоколите понатаму ќе се размислува за отворање и на затворените угостителски објекти.

    Според протооколите кои ги изготвила Комисијата за заразни болести на една маса најмногу ќе можат да седат 4 лица.

    „Нема никакво ограничување дека лицата треба да се членови на исто семејство. Задолжително е да има растојание меѓу масите. Ќе ја следиме ситуацијата дали се почитуваат препораките и доколку угостителите се придржуваат ќе ги отвориме и затворените угостителски објекти“, рече Бектеши на прес-конференцијата за раскинување на договори за концесии за експлоатација на минерални суровини во Струга.

    Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека полицијата ќе ги контролира угостителите дали ќе ги почитуваат протоколите за работа.

    Владата на вчерашната седница донесе одлука од утре да се отворат угостителските објекти, а од денес укинат е полицискиот час.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира