ЕДИНАЕСЕТ НОВОЗАБОЛЕНИ И ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ЛИПКОВО, ЕДЕН ПОЗИТИВЕН ОД КУМАНОВО

    ЕДИНАЕСЕТ НОВОЗАБОЛЕНИ И ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ЛИПКОВО, ЕДЕН ПОЗИТИВЕН ОД КУМАНОВОНаглото зголемување на бројот на заразени се должи на начинот на живот. Граѓаните не ги почитуваат мерките, по цел ден се заедно и се групираат, одат во семејни посети. Секојдневно ги гледаме како одат во кафулиња и не веруваат на вирусот, вели директорот на Центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи. (Фото: СДК.МК)

    Од Центарот за јавно здравје на Куманово, кој ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричене, соопштија дека единаесет од новозаболените и двајцата починати од коронавирус се од селата во Општина Липково, а еден во Куманово.  Новите случаи на заболени се од познати кластери од селата Слупчане – 5, Матејче – 4, Лојане – 1 и Никуштак – 1. Тестирањето е направено во саботата на 30 граѓани.

    „Исто така, имаме двајца починати. Тие се исто така од Општина Липково, од селата Слупчане и Никуштак. Наглото зголемување на бројот на заразени се должи на начинот на живот. Граѓаните не ги почитуваат мерките, по цел ден се заедно и се групираат, одат во семејни посети. Секојдневно ги гледаме како одат во кафулиња и не веруваат на вирусот“, вели директорот на Центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи.

    Тој ги повика жителите на Липково да ги почитуваат мерките, да носат заштитна маска и да држат дистанца, бидејќи КОВИД-19 е опасен вирус и мора сериозно да се сфати.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира