Во препознатлив стил на режисерот Мартин Кочовски, свеченото отворање на фестивалот „Браќа Манаки“, што е во тек во Битола, почна со слободни, непуритански сцени. Презентирајќи го животот, актерите на сцена одглумија раѓање, при што едниот од нив беше сосема гол.
Во церемонијата на свеченото отворање вклучени се актери од Битола и Прилеп. Нивниот настап е енергичен, носат црна облека и тегнат јарко црвени ленти. На сцена има мото „Да ти удрам кадар“, а истовремено на ударни инструменти свират музичарите од „Фолтин“.
Претходно, со герила акција на Битолското движењена црвениот килим беа пречекани претседателот Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
На свеченото отворање, на оскаровецот кинематографер Џон Сил, кој дојде во Битола, ќе му биде врачена златна „Камера 300“ за животно дело.