4 ПОЧИНАТИ, 101 НОВ СЛУЧАЈ НА КОВИД-19, ОД КОИ 59 ОД СКОПЈЕ

    4 ПОЧИНАТИ, 101 НОВ СЛУЧАЈ НА КОВИД-19, ОД КОИ 59 ОД СКОПЈЕВозило на Брза помош пред болницата „8 Септември“, каде што починаа тројца пациенти изминативе 24 часа. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани се 101 нов случаи на КОВИД-19 од 974 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Починати се четворица пациенти.

    Најмногу од новите случаи се од Скопје – 59, а потоа следуваат Куманово со 12, Штип со 7 и Струга со 6.
    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58) примен на 30 мај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира