ПОРАДИ КОВИД-19, ОТКАЖАН РАКОМЕТНИОТ КАМП „КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7” ВО ОХРИД

    ПОРАДИ КОВИД-19, ОТКАЖАН РАКОМЕТНИОТ КАМП „КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7” ВО ОХРИДЗа оваа година биле пријавени над 400 деца од 14 земји на возраст од 7 до 18 години (Фото: Фејсбук)

    Поради КОВИД-19, Кире Лазаров го откажа шестото издание на својот интернационален ракометен камп во Охрид, што требаше да се одржи од 19 јуни до 1 јули. Агенцијата „КМГ спорт“ како организатор се надеваше дека состојбата ќе се смири до почетокот на кампот, но на крајот немаа избор.

    „Императив секогаш е здравјето на децата. Почитувајќи ги препораките на надлежните, кои забрануваат групирање на повеќе од две лица, одржувањето на кампот е невозможно. Секојдневно ја следевме ситуацијата и очекувавме смирување на истата, бевме подготвени и да го поместиме кампот во јули, но, за жал, бројките го покажуваат спротивното, ризикот во оваа ситуација е недозволив. Се надевам дека следната година ќе можеме повторно да бидеме заедно”, рече Лазаров.

    Тој додаде дека оваа година биле пријавени над 400 деца од 14 земји на возраст од седум до 18 години. Досега низ кампот поминале преку 1.500 деца.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира