НА ТАБАНОВЦЕ ПРЕТПЛАДНЕВО ВЛЕЗЕ ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД ГЕРМАНИЈА, ДЕЦАТА ОД 5 И ОД ЕДНА И ПОЛ ГОДИНА СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    НА ТАБАНОВЦЕ ПРЕТПЛАДНЕВО ВЛЕЗЕ ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД ГЕРМАНИЈА, ДЕЦАТА ОД 5 И ОД ЕДНА И ПОЛ ГОДИНА СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Тестирањето на родителите го направиле во болница во Ниш, на Табановце пријавиле дека детето и бебето им се позитивни на коронавирус. (Фото: СДК.МК)

    Позитивни на коронавирус  се две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле на граничниот премин Табановце враќајќи се од Германија.  Децата веднаш се однесени во адаптираната болница за ковид-пациенти во Козле.

    Мајката и таткото се негативни, дознаваме од МВР, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.

    Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирус не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира