Четири лица од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар починаа по компликации од ковид-19, а регистрирани се 126 нови случаи за 24 часа од 1.140 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово на 56-годишна возраст. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почината е 56-годишна пациентка од Скопје. Во болницата во Гостивар почината е пациентка на 71 година и во Прилеп пациент на 83 години.
Новите случаи на ковид-19 се од Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата има 6.334, оздравени се 2.475, починати се 302, а има 3.557 активни случаи.
Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.071, активни 2.007
• Куманово 756, активни 299
• Дебар 92, активни 40
• Штип 345, активни 160
• Прилеп 261, активни 36
• Тетово 700, активни 384
• Струга 220, активни 135
• Велес 185, активни 40
• Битола 51, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 19, активни 13
• Гостивар 119, активни 63
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ
Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 28, активни 24
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 103, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0, Систина со ПЦР метода -120, ЦЈЗ Битола-20, лабораторија Лаор- 0.
Досега во земјава се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.