ФУДБАЛЕР НА РОСОМАН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, НЕГОВИТЕ СОИГРАЧИ СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ

    ФУДБАЛЕР НА РОСОМАН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, НЕГОВИТЕ СОИГРАЧИ СО НЕГАТИВЕН ТЕСТФК Росоман в петок треба да игра бараж натпревар за влез во Втората лига (Фото: СДК.МК)

    Центарот за јавно здравје од Кавадарци информираше дека 32-годишен жител на Кавадарци, инаку фудбалер на Росоман, е позитивен на коронавирус. Неговите колеги од екипата биле негативни.

    „Извршено е тестирање на сите фудбалери од екипата за нивни потреби и едно лице имаше позитивен брис на коронавирус. Останатите тестирани фудбалери се негативни“, изјави епидемиологот Ристе Јовановски од ЦЈЗ Кавадарци.

    Екипата на Росоман, која е член на Третата фудбалска лига – Центар, се подготвува за бараж натпреварот против Слога Виница, кој в петок ќе се игра во Штип. Тоа е натпревар за пополнување на Втората фудбалска лига – Исток, каде ќе се пласира победникот од оваа средба.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира