СЕДУММИНА МИГРАНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕВРТЕНО КОМБЕ КАЈ СТРУМИЦА, ВОЗАЧОТ ИЗБЕГАЛ

    СЕДУММИНА МИГРАНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕВРТЕНО КОМБЕ КАЈ СТРУМИЦА, ВОЗАЧОТ ИЗБЕГАЛКомбето се превртело во канал од реката Тркања до патот, возачот избегал оставајќи ги мигрантите приклештени во возилото, а ги спасувала струмичката противпожарна единица. (Фото: СДК.МК)

    Комбе со битолски регистарски ознаки полно со мигранти синоќа излетало од патот Струмица-Валандово кај раскрсницата кон населените места Раборци и Попчево. Засега не се знаат причините како излетало комбето, кое се превртело во канал од реката Тркања до патот. Според полицијата, инцидентот се случил околу 21 часот, а по излетувањето возачот избегал, оставајќи ги мигрантите приклештени во возилото па морало да интервенира и струмичката противпожарна единица.

    „Во комбето биле превезувани мигранти. Седум од нив добиле повреди, од кои четири тешко повредени, и префрлени се во струмичката болница. Полицијата работи на целосно расветлување на случајот“, соопштија од СВР Струмица

    Од струмичката Противпожарна единица, која интервенрала со екипа од шест пожарникари, велат дека имало приклештени лица во комбето поради што морале да интервенираат со хидраулична опрема за да ги ослободат.

    Ова е втора сообраќајка за неполна недела во Струмица со комби возила кои на диво превезуваат мигранти. Завчера, на улицата Младинска во Струмица комбе со кочански регистарски ознаки со 32 мигранти се заби во три паркирани возила, при што 6 лица беа повредени. Возачот е приведен и против него ќе биде поднесени најмалку две кривични пријави.

    Минатиот месец, патничко возило кое превезувало 11 мигранти предивика сообраќајка на патот Струмица-Радовиш при што настрада жител од населеното место Градашорци.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира