РЕСЕН ПРВ ПО АКТИВНИ СЛУЧАИ ВО ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН, А ПРИЛЕП ПО ВКУПЕН БРОЈ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    РЕСЕН ПРВ ПО АКТИВНИ СЛУЧАИ ВО ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН, А ПРИЛЕП ПО ВКУПЕН БРОЈ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Во Ресен има 88 активни случаи - дезинфекција на градот - (Фото: СДК.МК)

    Прва општина по број на активни случаи со ковид-19 во Пелагониско-преспанскиот регион и понатаму останува Ресен, а по вкупно заболени лица од почетокот на пандемијата до сега приматот го има Прилеп.

    Во Ресен од 129 вкупно заболени, кај 88 болеста е во тек. Прилепчани регистрирано позитивни во изминатите четири месеци биле 289, повеќе од двојно од Ресен, а лица кои моментално се лекуваат се 58.

    Битола останува на средината од табелата со седум општини од регионот, а и Кичево која е помала општина има двојно повеќе случаи на активни болни од Битола. Битола е четврт град по број на активни случаи, ги има 24 од вкупно 65 заболени. Кичево од појавата на епидемијата до сега има приближно колку Битола 58 позитивни, а од кои активни се 49.

    Се’ уште едноцифрени броеви на позитивни случаи бележат помалите општини Крушево 8 , од кои активни  се 4. Веднаш по неа се Македонски Брод со 7,  а болеста во тек е кај 5,  Најмалку заболени има Демир Хисар со тројца, од кои двајца во моментов се борат со заразата.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира