КАЗНЕТИ 22 МОТОРЏИИ КОИ ДИВЕЕЛЕ И СЕ ТРКАЛЕ НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ

    КАЗНЕТИ 22 МОТОРЏИИ КОИ ДИВЕЕЛЕ И СЕ ТРКАЛЕ НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИШест лица се приведени поради правење на бучавва над дозволената со нивното движење на моторциклите. (Фото: МВР)

    Министерството за внатрешни работи викендов спроведе акција за казнување на возачи на мотори кои во вечерните часови организираат диви трки низ скопските улици. Вкупно се казнети 22 моторџии, а шест лица биле приведи во полициска станица.

    Во петокот вечерта биле санкционирани осум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив тројца моторциклисти биле приведени во полициската станица Карпош, а еден во полициската станица Кисела Вода поради правење бучава над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за нив. Исто така, четири моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.

    „Синоќа, Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот од 20 до 2 часот по полноќ казни 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден моторциклист бил приведен во полициската станица Карпош, а еден во полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите. Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка“, велат од МВР.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира