ДО 13 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 24,61 ОТСТО, НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ВО КРИВА ПАЛАНКА, ОД СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ВО КАРПОШ

    ДО 13 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 24,61 ОТСТО, НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ВО КРИВА ПАЛАНКА, ОД СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ВО КАРПОШВрз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3. 383 избирачки места од вклупно 3.480, до 13 часот гласале 446.438 граѓани; - Од гласање во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Излезноста до 13 часот на денешните парламентарни избори е 24,61 отсто. Врз основа на податоците од Државната изборна комисија (ДИК) за 3. 383 избирачки места од вклупно 3.480, до 13 часот гласале 446.438 граѓани.

    Во првата изборна единица гласале 27,09 отсто од вкупно запишани во избирачкиот список. Најголема излезност во оваа изборна единица има во Македонски Брод 35,04 отсто, во Општина Карпош 31,25 и во Општина Аеродром 30,15. Во втората изборна единица излезноста е 21,64 проценти, а најголем одѕив има во скопските општини Ѓорче Петров 28,54 проценти и Гази Баба 22.88.

    Во тројката излезноста е 28,02 отсто, а во четвртата изборна единица 27,45. Во третата изборна единица во Крива Паланка гласале 41,07 проценти, во Берово 32,49, Пехчево 33.02, а Пробиштип 35,29. Во четворката најголема излезност има во Неготино 33,42 отсто и во Прилеп 32,47.

    Во петтата изборна единица одѕивот е 23,11 проценти со излезност во Битола 31,19, Вевчани 39,86 и Крушево 37,84 отсто.

    Најмала излезност има во шестата изборна единица и тоа 15,58 проценти. Во Општина Тетово гласале 19,11 проценти од гласачите, а во Јегуновце 17,05.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира