Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во третата изборна единица Љупчо Николовски прогласи победа на предвремените парламентарни избори. Кажа дека имаат предност од двајца пратеници, со растечки тренд.
Тој кажа дека коалицијата на СДСМ има сигурна победа во Битола, Куманово, Центар, Крива Паланка, Ресен, Крушево, Дебар, Долнени, Лозово и на други места, како и во Прилеп, Берово, Делчево, Кочани…
Досега има 75 отсто обработени податоци, рече тој, но првпат по 18 години СДСМ прогласува сигурна победа.
ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бараат ново раководство, рече тој.
„Во растечки тренд, водиме со два мандата“, вели Николовски.
А. АНТЕВСКА