ПОБЕДИ ИДНИНАТА, СЛЕДУВА ПРАВДА, КАЖА ЗАЕВ И ПРОГЛАСИ ПОБЕДА СО НАЈМАЛКУ ТРИ ПРАТЕНИЦИ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ

    ПОБЕДИ ИДНИНАТА, СЛЕДУВА ПРАВДА, КАЖА ЗАЕВ И ПРОГЛАСИ ПОБЕДА СО НАЈМАЛКУ ТРИ ПРАТЕНИЦИ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕСо три пратенички мандати над ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и коалицијата „Можеме“ се победници на овие предвремени парлментарни избори, кажа лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со над три пратенички мандати над ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и коалицијата „Можеме“ се победници на овие предвремени парламентарни избори, кажа лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

    „Победи иднината! Следува правда! Патот напред е потврден, на опасноста ѝ кажавме јасно ‘Не’“, кажа Заев.

    Тој потоа три пати извика: „Економија – Правда!“ и најави дека тоа ќе биде приоритет на неговата влада.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата Христијан Мицкоски воопшто не излезе пред јавноста.

    Заев кажа дека според резултатите на нивниот аналитички центар, СДСМ со „Можеме“ има освоено 49 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ 46.

    “Но состојбата се менува и очекуваме да добиеме уште еден пратеник во шестата изборна единица, како и во првата” рече Заев.

    На прашањето со која партија ќе коалицираат и дали е можно да има Влада без ДУИ, Заев рече дека ќе ги почекаат конечните резултати и распоредот на пратеничките места.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се појави во јавноста. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев околу полноќ кажа дека битката е изедначена, откако околу 21 часот објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 7-8 мандати повеќе од СДСМ.

    Портпаролот на ДИК Адмир Шабани кажа дека во текот на понеделник ќе бидат пресметани и соопштени бројките на освоени пратенички места на секоја од партиите учеснички на предвремените парламентарни избори, кои годинава, поради пандемијата со коронавирус траеја три дена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира