ЗА „ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИТЕ ЌЕ ВЕ СТРЕЛАМЕ“ И ДРУГИ ЗАКАНУВАЧКИ СТАТУСИ НА ФЕЈСБУК, ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА РАСПИТ

    ЗА „ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИТЕ ЌЕ ВЕ СТРЕЛАМЕ“ И ДРУГИ ЗАКАНУВАЧКИ СТАТУСИ НА ФЕЈСБУК, ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА РАСПИТОсновното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, дало наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР (Фото:Фејсбук)

    Основното јавно обвинителство Скопје по известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за статусот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, но и по поднесени две приватни кривични пријави од две жени преку Хелсиншкиот комитет за човекови слободи и права, отвори предмет против него.

    Апасиев по освојувањето на две пратенички места во новиот Парламент, вечерта на 15 јули напиша на социјалните мрежи: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“. За ова во Обвинителството е пријавен од МВР.

    Другите две пријави се поради други статуси, за две жени, објавени едната на фејсбук, другата на твитер, за навреди и ширење говор на омраза.

    „Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во Обвинителството“, вели овој истражен орган.

    Неофицијално, Апасиев нема да биде викнат пред август. За кривичните пријави Обвинителството задолжително по закон мора да отвори предмет и во предистрага да ги провери наводите во пријавите, но тоа не значи дека за сите мора да отвори официјална истрага и да поднесе обвинение.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира