ДВАЈЦА 80-ГОДИШНИ МАЖИ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО РАДОВИШ СО ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА ОД КОРОНАВИРУС СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП

    ДВАЈЦА 80-ГОДИШНИ МАЖИ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО РАДОВИШ СО ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА ОД КОРОНАВИРУС СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИПНикој не кажува како влегол коронавирусот во радовишкиот дом за стари лица „Астреон“ и дали е точно дека има двајца заразени вработени. (Фото: Фејсбук на „Астреон“)

    Два станара од домот за стари лица во Радовиш на возраст од околу 80 години, се хоспитализирани на Инфективното одделение во болницата во Штип. Едниот е позитивен на коронавирус, а за другиот по првиот негативен, се чека вториот тест. Но според лекарите, здравствената состојба на обајцата не била добра. Се прават напори клиничката слика да се подобри.

    Првично се проширија информации дека со ковид-19 од домот за стари лица во Радовиш се двајца вработени и тројца од станарите. На Инфективното одделение во Штип немаат податок дали и други лица од домот имаат некакви симпоми, освен потврдата дека кај нив се згрижени само двајца станари, а не и вработени од домот.

    Се обидовме да го контактираме сопственикот и доктор во домот „Астреон“ Љупчо Захариев, но тој беше недостапен. Засега е непознато како коронавирусот влегол во установата. Не може засега да се проверат ни шпекулациите дали имаат симптоми двајца од вработените и дали тие се во самозиолација. Се преземале мерки да бидат заштитени останатите триесетина станари, колку што изнесувал капацитетот на Домот во Радовиш.

    Пред почетокот на коронакризата како подружница на домот „Астреон“ се отворил нов дом за стари лица во Банско кај Струмица со капацитет за 50 станари. Според фејсбук страниците на „Астреон“ со почетокот на ковид-19 и во двата дома биле преземени сите мерки за заштита и со писмени и усни објаснувања како треба станарите да се држат на дистанца и да носат заштитни маски, како да ги користат лифтовите, кваките и слично.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира