БИТОЛА ГИ НАДМИНА ПРИЛЕП И РЕСЕН ПО АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОТИ НЕ СЕ НОСАТ МАСКИ

    БИТОЛА ГИ НАДМИНА ПРИЛЕП И РЕСЕН ПО АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОТИ НЕ СЕ НОСАТ МАСКИМоменталната ситуација со порастот на бројот на позитивни битолчани на болеста повеќе дига паника на социјалните мрежи, а низ градот голем е бројот на млади лица кои не носат маски, се прават забави, собири на местото на некогашната Бела фонтана; - Центарот за јавно здравје во Битола, (Фото: СДК.МК)

    Битола по број на активни случаи со коронавирусот ги надмина и Прилеп и Ресен, општини кои на почетокот на месецот имаа двојно, па и тројно повеќе лица кај кои болеста беше во тек за разлика од Битола. Според статистиките на Министерството за здравство, Битола до оваа сабота имаше 55 активни случаи, Прилеп 51, а Ресен 46. На 10 јули оваа бројка во Битола беше 24 , во Прилеп 58, а Ресен 88.

    Бројката на заразени битолчани се дуплира во изминатите две и пол недели, во кои имаше денови со 11, шест и пет новоевидентирани случаи на ден. За разлика од ситуацијата во последно време, во претходните четири месеци во Битола имаше по еден или најмногу двајца заболени дневно, а некогаш и со недели ниеден. Прилеп, пак, дневно бележеше по четири до шест случаи, а Ресен до 10 јуни немаше позитивни на ковид-19, а потоа бројката се искачи нагоре со галопирачка брзина.

    Моменталната ситуација со порастот на бројот на позитивни битолчани на болеста повеќе дига паника на социјалните мрежи, а низ градот голем е бројот на млади лица кои не носат маски, се прават забави, собири на местото на некогашната Бела фонтана. Има и маркети низ Битола каде од протоколите за заштита од ковид-19 останаа само натписите на вратите, а внатре купувачите си влегуваат без маски. Соодветно, нема ни инспекции ни казни, а не казнува ни полицијата. Банките кои беа на удар на почетокот имаат воспоставено ред со обезбедување и добро се носат со ситуацијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира