Човек облечен во костум како Смртта се шета меѓу капачите во Пуерто Морелос, Мексико, во кампања „Умираш за плажа“ во обид да ги избрка туристите и локалното население од плажите.
Плажите во Мексико се затворени затоа што земјата за време на викендот изби на трето место во светот по број на умрени зад САД и Бразил, но луѓето главно не ја почитуваат забраната.
Во Мексико досега се регистрирани 46.688 смртни случаи и 424.637 заразени од пандемијата на КОВИД-19.