Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните правила за вакцината против ковид-19, откако змејата објави дека во октомври ќе почне со вакцинирање.
„Понекогаш, индивидуалните истражувања тврдат дека пронашле нешто, што се разбира, само по себе, е добра вест. Но има голема разлика меѓу изум или мислење дека имаш делотворна вакцина и нејзино минување низ сите фази“, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмајер.
Минатата недела, руската влада соопшти дека се подготвува да почне со масовно вакцинирање. Сепак, руската вакцина не е на листата на СЗО од 6 вакцини кои стигнале до третата фаза на клиничкото тестирање, кое вклучува и пошироко тестирање врз луѓе.