ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА, ПОБАРАА КУМАНОВЦИ НА ПРОТЕСТОТ

    ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА, ПОБАРАА КУМАНОВЦИ НА ПРОТЕСТОТНа протестот се побара Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да го укине решението за зголемување на цената од 7,4 отсто, а дополнително да се донесе одлука за намалување на цената за домаќинставата за дополнителни 46 отсто, додека трае пандемијата со коронавирус. (Фото: СДК.МК)

    Стотина граѓани од Куманово денеска протестираа пред Општината и пред подружницата на ЕВН, барајќи да се намали цената на електричната енергија, поради слабата економска моќ на граѓаните, сега дополнително предизвикана од коронакризата. Тие побараа Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да го укине решението за зголемување на цената од 7,4 отсто, а дополнително да се донесе одлука за намалување на цената за домаќинставата за дополнителни 46 отсто, додека трае пандемијата со коронавирус.

    „Никаде во Европа нема волку високи сметки. Пример, имам роднина во Швајцарија кој плаќа највисока сметка за струја од 50 франци, а има плата е 5.000 франци. Јас плаќам 80 евра месечна сметка, а имам плата од 250 евра. Кажете ми како да живеам. Не знам зошто народот го трпи сето ова, треба сите масовно да излеземе на протест додека не се исполнат нашите барања“, вели еден од граѓаните.

    Тие најавуваат дека ќе продолжат со протести и повеќе нема да молчат додека не се исполни нивното барање, бидејќи се работи за иднината на нивните деца.

    Организаторите на протестот побараа од Владата да ја распушти Регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се елиминира монополот на ЕВН, а воедно и да се национализира дистрибутивната мрежа.

    Ова е втор протест во Куманово, првиот беше минатата недела. Учесниците, протестот го започнаа пред Општина Куманово, а потоа отидоа пред ЕВН, носејќи транспренти и сканирајќи против одлуката за зголемување на електричната енергија.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира