ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, НОВИ 37 ПОЗИТИВНИ ОД 464 ТЕСТОВИ

    ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, НОВИ 37 ПОЗИТИВНИ ОД 464 ТЕСТОВИВкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 15.827, од кои оздравени се 13.315, починати 652, а во моментов активни 1.860. (Фото: СДК.МК)

    Изминативе 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на ковид-19 од 464 направени тестирања. Починаа 4 лица, пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74). Од нив тројца се починати во болница, а еден вон болнички услови.

    Од новите 37 случаи на ковид-19, 20 се во Скопје, по 3 во Куманово и Тетово, по 2 случаи во Струга, Охрид, Гостивар и Кочани и по еден во  Штип, Велес и Крива Паланка.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот. Во Градскат општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенти од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 15.827, од кои оздравени се 13.315, починати 652, а во моментов  активни 1.860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6.326, активни 540

    • Куманово 1.605, активни 190

    • Дебар 268, активни 35

    • Штип 1.205, активни 72

    • Прилеп 562, активни 133

    • Тетово 1.304, активни 117

    • Струга 627, активни 63

    • Велес 288, активни 18

    • Битола 245, активни 47

    • Охрид 395, активни 58

    • Кавадарци 202, активни 30

    • Гостивар 856, активни 93

    • Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 103, активни 44

    • Крива Паланка 83, активни 38

    • Радовиш 52, активни 9

    • Крушево 18, активни 2

    • Кочани 189, активни 53

    • Пробиштип 95, активни 18

    • Демир Хисар 60, активни 1

    • Македонски Брод 84, активни 12

    • Пехчево 42, активни 27

    • Берово 73, активни 30

    • Валандово 11, активни 3

    • Виница 94, активни 29

    • Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 5

    • Свети Николе 309, активни 19

    • Кичево 290, активни 29

    • Ресен 153, активни 6

    • Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 53

    • Гази Баба – 73

    • Аеродром – 91

    • Карпош – 67

    • Центар – 71

    • Кисела Вода – 56

    • Ѓорче Петров – 22

    • Бутел – 37

    • Шуто Оризари – 12

    • Студеничани – 10

    • Сарај – 17

    • Арачиново – 9

    • Илинден – 10

    • Сопиште – 2

    • Чучер Сандево – 2

    • Петровец – 4

    • Зелениково – 1

    • Странец – 3

    • Нераспределен-0

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира