ИЛИР ХАСАНИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, АГИМ НУХИУ ОДИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА, ЗАЕВ ЈА ДОСТАВИ ЛИСТАТА, СОБРАНИЕТО ЌЕ ГЛАСА ВО ВТОРНИК

    ИЛИР ХАСАНИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, АГИМ НУХИУ ОДИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА, ЗАЕВ ЈА ДОСТАВИ ЛИСТАТА, СОБРАНИЕТО ЌЕ ГЛАСА ВО ВТОРНИКДосегашниот заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу оди во Министерството за правда, а за заменик-министер за здравство се предлага досегашниот директор на ТОАРИЦУЛ Илир Хасани. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев попладнево ги достави до Собранието имињата на заменицитe-министри во Владата и нивните биографии. Досегашниот заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу оди во Министерството за правда, а за заменик-министер за здравство се предлага досегашниот директор на ТОАРИЦУЛ Илир Хасани. Собранието ќе ги гласа замениците-министри на седницата закажана за вторник, 22 септември.

    Заменик-министер за одбрана ќе биде Башким Хасани, за внатрешни работи Назим Буши, Илхан Рахман ќе биде заменик во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исакиза во Министерството за надворешни работи.

    Заменик на Фатмир Бесими во Министерството за финансии ќе биде Димитар Ковачевски, Зоран Маневски во Министерството за економија, а досегашниот министер за земјоделие Трајан Димковски останува во ова министерство како заменик.

    Арафат Шабани ќе биде заменик на министерката Мила Царвоска во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин заменик во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа, а Седат Сулејмани во Министерството за култура.

    Александар Бајдевски останува заменик во Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи ќе биде заменик-министер за транспорт и врски, а Христина Оџаклиеска за животна средина и просторно планирање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира