На 69-годишна возраст почина Славчо Митевски, последниот претседател на Општина Штип кој беше на чело на градот од 1984-1986. Тој беше и последниот директор на фабриката за светилки „Селена“ од Штип од каде произлегоа повеќе судски спорови.
Повеќе од две децении Митевски протестираше пред штипските судови барајќи правдина, но за два спора правдата наместо во Македонија ја доби од Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
„Зошто мора на ваков начин со помош на овој суд државата да ме обештетува со народни пари, само поради грешки на пооделни судии во Македонија“, изјавуваше Митевски на честите прес-конференции што ги одржуваше пред зградата на штипските судови.
Дипломираниот машински инженер Митевски беше и голем хуманист. Пред пет години, тој донираше еден свој бубрег да спаси млад живот. Хуманоста ја покажуваше и како претседател на Општината Штип кога беа организирани голем број хуманитарни акции.
Т. ЈОВАНОВСКИ