ЗА 10 ДЕНА ЌЕ ГО ЗАВРШИМЕ БУЛЕВАРОТ КАЈ ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ, ГИ МОЛАМ ГРАЃАНИТЕ ДА ИМААТ ТРПЕНИЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    ЗА 10 ДЕНА ЌЕ ГО ЗАВРШИМЕ БУЛЕВАРОТ КАЈ ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ, ГИ МОЛАМ ГРАЃАНИТЕ ДА ИМААТ ТРПЕНИЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВЦелосно ќе биде отстранет стариот и оштетен алфалт и ќе се постави нов, а ќе се реконструира и делот за пешаци долж улицата, со што ќе се изведе и велосипедска патека.(Фото: СДК.МК)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата 11 Октомври во центарот на градот, на потегот од крстосницата кај Црвен крст до Собранието. Поради градежните работи едната страна на улицата е целосно затворена за сообраќај, што предизвика метеж во сообраќајот и гужви низ центарот на градот.

    Според проектот целосно ќе биде отстранет стариот и оштетен асфалт и ќе се постави нов, а ќе се реконструира и делот за пешаци долж улицата, со што ќе се изведе и велосипедска патека. Ќе биде засадени ново зеленило и урбана опрема. Меѓу коловозот и тротоарите ќе биде поставена ограда за да не се претрчуваат грааѓаните низ улицата.

    „На овој потег ќе работиме најинтензивно. Во сабота овој потег кој што сега е раскопан ќе биде готов, во недела ќе направиме пауза заради Скопскиот маратон, а попладнето пак продолжуваме со работа. Ги замолувам граѓаните да имаат трпение. Станува збор за сериозно девастирана улица особено во делот кај автобуските станици. Паралелно ќе ги правиме и пешачките патеки со тоа што ќе изведеме дел за велосипедисти. До крајот на октомври комплетно ќе го завршиме и тој дел и улицата ќе добие нов лик“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Реконструкцијата на улицата 11 Октомври чини 27 милиони денари со вклучен ДДВ,

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира