УШТЕ 22 ПРВАЧИЊА ОД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТКАКО НАСТАВНИЧКА СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19 ГО НОСЕЛА ДЕТЕТО ВО ШКОЛО, А ТАА НЕ ОДЕЛА НА РАБОТА

    УШТЕ 22 ПРВАЧИЊА ОД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТКАКО НАСТАВНИЧКА СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19 ГО НОСЕЛА ДЕТЕТО ВО ШКОЛО, А ТАА НЕ ОДЕЛА НА РАБОТАМајка на едно од првачињата, која е и наставничка во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, сепак детето го носела на настава, велат од Општина Центар. (Фото: К. Попов)

    Уште 22 првачиња од две паралелки од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар се во изолација, откако мајка на едно од првачињата, која е и наставничка во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, сепак детето го носела на настава, соопшти Општината.

    „Општина Центар најостро го осудува неодговорното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

    „Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците “, вели Богдановиќ.

    Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера потврди дека наставничка од истото училиште е  позитивна на ковид-19 и дека е во изолација, како и 17 деца на кои им предавала.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира