НЕ ГЛЕДАМ ЗОШТО ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ ОД ДОМА СО ШТО БИ ГО ЗАШТИТИЛЕ СВОЕТО ЗДРАВЈЕ, ПРЕПОРАКА ЗА ТОА ИМА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    НЕ ГЛЕДАМ ЗОШТО ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ ОД ДОМА СО ШТО БИ ГО ЗАШТИТИЛЕ СВОЕТО ЗДРАВЈЕ, ПРЕПОРАКА ЗА ТОА ИМА, КАЖА ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко Филипче на одбележувањето на 11 Октомври во дворот на Владата. (Фото: К. Попов)

    Откако и пратеникот од СДСМ Лазе Таневски по Исмаил Јахоски од ДУИ денеска потврди дека е позитивен на коронавирус, министерот за здравство Венко Филипче денеска кажа дека има препорака Собранието да работи онлајн, без физичко присуство отсега натаму, дури не стивне пандемијата.

    Така пратениците ќе си го заштитат првенствено своето здравје, ќе го избегнат групирањето и не гледам зошто би имало пречка своите обврски да ги извршуваат од далечина, како и сите, рече тој.

    На прашање дали и кои пратеници ќе одат во изолација по позитивните тестови на Исмаил Јахоски и на Лазе Таневски, одговори дека ќе се знае денеска по спроведувањето на епидемиолошките анкети.

    Вчера претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш откако Јахоски го информирал дека е позитивен и е хоспитализиран, му се јавил да побара мислење од претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Веднаш е почната анкета со пратениците за контактите со него, на која ќе се надоврзат и контактите со Таневски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира