ШПАНСКИ РАКОМЕТАРИ ИГРАА СО МАСКИ ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ШПАНСКИ РАКОМЕТАРИ ИГРАА СО МАСКИ ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТИграчите велат дека било невозможно маската да се носи правилно цело време (Фото: ЕФЕ)

    Ракометарите на шпанските прволигаши Адемар и Кантабрија викендов беа принудени да играат со заштитни маски поради новите регулативи за заштита од коронавирусот, што во саботата стапија на сила во регионот Кастилја и Леон.

    Играчите велат дека за новата задолжителна мерка дознале во соблекувалните, пред самиот почеток на натпреварот.

    Никако не можевме да се приспособиме на новите околности. Играчите губеа здив и не можеа да играат повеќе од пет минути. Ова се одрази и врз играта на теренот. Се надевам дека одлуката ќе биде коригирана и веќе нема да играме во вакви услови“, изјави ракометарот на Адемар, Рубен Марчан.

    Тој додава дека на теренот било невозможно маската цело време да се носи правилно.

    Се трудевме најмногу што можеме да се придржуваме до регулативите“, кажа Марчан.

    Според новата одлука, спортистите во регионот Кастилја и Леон мора да носат маска кога се во затворено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира