Со денешното решение на Апелацискиот суд, наместо куќен притвор градоначалникот на Битола Владимир Талевски доби мерки за претпазливост, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Талески двапати неделно, секој работен понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола.
„Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т., кој е дел од предметот на СЈО познат во јавноста како ’Транспортер’, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува. Имено, против осомничениот се определува мерка на претпазливост, обврска истиот да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд Битола“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА ТАЛЕВСКИ, ДВАПАТИ НЕДЕЛНО МОРА ДА СЕ ПРИЈАВУВА ВО СУД
a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)