Доктор Далип Јахја е назначен за нов директор на Клиниката за ортопедија, соопшти Министерството за здравство. Д-р Јахја доаѓа од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) на местото на досегашниот директор д-р Виктор Камнар кој утрово ги информирал колегите дека се повлекува од раководната позиција поради лични причини.
„Се повлекувам од директор, останувам да работам на Клиниката и останувам да предавам на Медицинскиот факултет“, вели Камнар.
Клиниката за ортопедија е дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Директор на ТОАРИЛУЦ од почетокот на месецов е д-р Александар Трајановски, специјалист ортопед од истата клиника. Претходно директор на ТОАРИЛУЦ беше Илир Хасани, кој како претставник на ДУИ стана заменик министер за здравство.
Камнар беше директор на Клиниката за ортопедија нешто повеќе од три години.
ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ВИКТОР КАМНАР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА