Дванаесет лица починаа по компликации од ковид-19 во изминатите 24 часа, а од 771 тестирање, регистрирани се 161 нов случај на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Сите пациенти се починати во болнички услови, и тоа од Скопје на возраст од 56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 години) пациент од Струга (67), од Тетово (85), од Битола (68), од Кавадарци (56) и пациент од Прилеп (63).
Од новите заболени, најмногу се од Скопје-90, па следат: Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.
Вкупнo ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 23.788, оздравеа 17.392, починаа 846, а активни случаи се 5.550. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9942, активни 2674
• Куманово 1986, активни 225
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1446, активни 159
• Прилеп 931, активни 226
• Тетово 1727, активни 288
• Струга 749, активни 75
• Велес 433, активни 97
• Битола 466, активни 151
• Охрид 510, активни 86
• Кавадарци 323, активни 85
• Гостивар 1040, активни 104
• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 588, активни 358
• Крива Паланка 178, активни 62
• Радовиш 172, активни 70
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 569, активни 195
• Пробиштип 141, активни 20
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 7
• Берово 170, активни 44
• Валандово 83, активни 47
• Виница 150, активни 49
• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 424, активни 58
• Кичево 418, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 771 теста се преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-29, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со ПЦР метода -154, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 115
• Гази Баба – 280
• Аеродром – 534
• Карпош – 446
• Центар – 445
• Кисела Вода – 320
• Ѓорче Петров – 216
• Бутел – 111
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 8
• Илинден – 36
• Сопиште – 21
• Чучер Сандево – 9
• Петровец –17
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 59